НАТО-прагматизам наместо дебати за начелата
21 април 2005НАТО ги закочува големите планови на германскиот канцелар Герхард Шредер за реформа на основите на Алијансата.На заедничката вечера во литванскиот главен град Вилнус генералниот секретар Јап де хоп Шефер претстави одредени потстреци за продлабочување на политичкиот дијалог меѓу САД и европските сојузници.
Германскиот канцелар Герхард Шредер за време на конференцијата за безбедност во Минхен на почетокот на февруари го укори НАТО дека стана политички ирелевантен.Неговата критика кај американската влада наиде најпрво на неприфаќање.Подоцна падна договор за поголема меѓусебна комуникација.Германскиот министер за надворешни работи Јошка Фишер ,кој само кратко остана во Вилнус,можеше да ги пренесе само општите ставови,но не и конкретни предлози:
„Тоа нема сигурно да го дискутираме крајно сега,но ми се чини јасно,со оглед на предизвиците пред кои стоиме,дека секој има интерес од трансатлантизмот.“
Германскиот канцелар Шредер предложи Европејците повеќе да учествуваат во донесувањето одлуки,зашто само ако се решава заеднички,може и одговорноста да се носи заеднички.Заднина за дебатата беше ирачката војна,во која нападот од САД и Велика Британија не го поддржаа сите членки на НАТО.Американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс во Вилнус изјави дека улогата на Алијансата секогаш била и останува јасна:
„НАТО е важен форум за трансатланскиот дијалог.“
Госпоѓа Рајс и генералниот секретар Јап де Хоп Шефер се согласија дека предложените реформи на основните начела од страна на Германија би биле излишни.НАТО повелбата предвидува и без тоа политички и стратешки дијалог.Госпоѓа Рајс ја смета дебатата за основните начела веќе досадна :
„Ние веќе престанавме да зборуваме за тоа каква е состојбата на трансатланската алијанса,така да се рече,да лежиме само на креветот и да анализираме постојано дали она што го правиме е добро или лошо.Ние започнавме вистински да работиме.“
Рајс се изјасни за усогласување на позициите,но одби формирање работни групи за реформи.САД имаат најголемо влијание во НАТО традиционално,зашто тие се и најголема воена сила во Алаијансата.Американскиот министер за одбрана Доналд Рамсфелд не крие дека НАТО го смета како свое оружје,по кое САД посегнуваат по потреба.
Американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс предложи НАТО да биде подготвен да преземе обезбедување на мирот на Блискиот исток,ако тоа го сакаат Израел и Палестинците.Но,дотаму има сеуште долг пат.
Овој предлог Франција во секој случај го гледа многу критички.
Рајс ја пофали и работата на НАТО во проширувањето на демократијата и слободата во Источна Европа.