1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НАТО-Македонија

10 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/BobK

Парламентарното собрание на НАТО ја усвои резолуцијата на комитетот за одбрана и безбедност со која се повикува Македонија, Албанија и Хрватска, на самитот на Алијансата во Букурешт во април 2008 да добијат покана за членство. Во резолуцијата се повикуваат земјите членки на Алијансата да ги поканат на почеток на преговори земјите кандидати кои се подготвени за членство и чиј пристап е во насока на јакнење на стабилноста и безбедноста на евроатлантскиот регион.