1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НАТО-Македонија

9 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/Bo6W

Парламентарното собрание на НАТО денеска треба да ја усвои предлог резолуцијата на комитетот за одбрана и безбедност со која се повикува Македонија, Албанија и Хрватска, на самитот на Алијансата во Букурешт во април 2008 да добијат покана за членство. Во резолуцијата се повикуваат земјите членки на Алијансата да ги поканат на почеток на преговори земјите кандидати кои се подготвени за членство и чиј пристап е во насока на јакнење на стабилноста и безбедноста на евроатлантскиот регион. На Парламентарното собрание треба да биде присутен и генералниот секретар на НАТО Јаап де Хоп Шефер.