1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НАТО и Русија потесно ќе соработуваат

21 април 2005

НАТО засега не сака да се ангажира воено на Блискиот исток,но не исклучува активна мисија подоцна,соопштено на средбата во Вилнус

https://p.dw.com/p/AcG3
Генералниот секретар на Алијансата,Јап де хоп Шефер
Генералниот секретар на Алијансата,Јап де хоп ШеферФотографија: AP

Генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер го опиша резултатот од дискусијата околу улога на Алијансата на Блискиот исток со условна реченица:

„Што би се случило ако постои долгорочен мировен договор меѓу Израел и Палестинците, и кога двете страни би се обратиле до НАТО за негово присуство со мандат од ОН?Тое е теоретско сценарио,затоа НАТО во моментов не се меша.“

И покрај очекувањата кои беа разбудени пред неформалната средба на 26 шефови на дипломатиите во Вилнус,НАТО се исклучува како институција од конфликтот меѓу Израел и Палестинците.Обезбедувањето на мирот,какво што е практикувано на Балканот,сеуште е далеку на хоризонтот што се однесува на Блискиот исток.Германскиот министер за надворешни работи Јошка Фишер:

„За оперативност на темата„ Улогата на НАТО на Блискиот исток“ е прерано.Не е за исклучување кога се работи за стабилизација и безбедносни гаранации,но сега да се операционилизира,е прерано.“

Американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс би сакала активна улога на НАТО на Блискиот исток.Но таа гледа дека многу држави,меѓу нив и Франција,имаат сомневања.

Земјите членки на НАТО би го поддржувале повлекувањето од појасот на Газа и Блискоисточниот мировен план одделно,но не како сојуз.По искуствата од ирачката војна,кога НАТО се најде на работ на расцеп,многу европски држави се двоумат воено да се ангажираат на нова сцена.

Германскиот предлог за реформа на НАТО и за засилување на стратешкиот дијалог меѓу САД и европските сојузници ,не е веќе на маса.Не постои потреба од реформа,изјави американската министерка за надворешни работи,зашто и така и така НАТО е решавачки форум за трансатлански дијалог.

Но,сите министри се заложија за поголема меѓусебна комуникација.Соработката меѓу НАТО и ЕУ треба да биде засилена,по можност преку почести неформални средби.

Важните формални средби засега се блокирани поради НАТО членката Турција,која не го признава Кипар, кој е членка на ЕУ.

Русија и НАТО во Вилнус потпишаа договор околу статусот на трупите.Овој договор им дозволува на НАТО трупите поминување низ руски области и обратно.Ова треба да ги олесни заедничките вежби и обезбедувањтео на НАТО трупите во Авганистан.Американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс притоа го пофали својот руски колега Сергеј Лавров како стратешки партнер.

Генералниот секретар на НАТО Јап де хоп Шефер изјави дека иако не се секогаш со исто мислење со Русите,политичката и воената соработка е се потесна:

„Тоа е доказ дека ние можеме да соработуваме и како пријатели да зборуваме отворено за се.Ова покажува можности за подобра безбедност за НАТО државите и Русија,како и за другата евроатланска заедница.“

Лавров и НАТО за првпат се среќаваат на поранешен советски простор.Тоа покажува колку се изменил светот по студената војна,оцени еден бриселски дипломат.

Лавров ненадејно ја ублажи својата уште вчера изразена критика кон НАТО за неговиот курс кон Украина:

„Украина треба да ги избере своите партнери,дали се држави или организации.Тоа е суверена одлука на Украина.“

НАТО на украинскиот министер за надворешни работи Борис Тарасјук му предложи засилена соработка,која било кога може да заврши со полноправно членство,но конкретен датум не се спомена.