1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„НАТО, Букурешт и потоа“ собир во Скопје

Горан Петрески 18 февруари 2008

Престојниот самит на НАТО е можеби единствената можност за постигнување трајна консолидација за стабилност на Балканот, смета македонскиот премиер. Тој денеска зборуваше на собирот на тема„ НАТО, Букурешт и потоа“

https://p.dw.com/p/D9Go
НАТО - БриселФотографија: AP
Се надевам дека на престојниот самит на НАТО ќе имаме причина да се радуваме, им порача македонскиот премиер Никола Груевски на пратениците од земјите членки на Алијансата на денешниот состанок во Скопје. На конференцијата под мотото „НАТО, Букурешт и потоа“ се собраа стотина европски парламентарци и странски амбасдори да се увереат дека Македонија ги исполнува критериумите за полноправно членство во НАТО. Македонија ја заслужува поканата за членство „Македонија сака и заслужува да добие покана за членство во Алијансата во 2008 година. Затоа во оваа прилика би сакал, да ве замолам вие почитувани пратеници, со сиот капацитет да делувате кај вашите влади и парламенти да ја дадат својата безусловна поддшка за покана на Република Македонија, за членство во Алијансата на самитот во Букурешт во април оваа година.“ рече премиерот Груевски. Најголем консензус Македонија има изградено по прашањето за приемот во НАТО. Членството го поддржуваат повеќе од 90 проценти од населението. Замјата најпосветено работеше за исполнување на критериумите за влаз во НАТО, реформите во одбраната се завршени. Тоа го забележаа странските дипломати во Македонија. Словенечкиот амбасадор Алан Бергант е оптимист „ Албанија, Хрватска и Македонија ќе добијат покана да и се придружат на Алијансата. Словенија е уверена дека на овој НАТО самит ќе бидат потврдени заложбите за продолжување на политиката на отворена врата за идните аспиранти за членство. Силно веруваме дека овој чин ќе има огромно влијание врз регионот и ќе донесе стабилност и безбедност во соседството, а истовремено ќе ги поттикне останатие сегменти во општеството, да ги имплементираат евроатланските стандарди.“ рече словенечкиот амбасадор. Македонско - грчкиот спор незаобиколен

И на денешната подготвителна средба незаобиколен беше македонско - грчкиот спор за името и можноста Грција да ја блокира поканата за Македонија. Американската амбасадорка Џилијан Миловановиќ рече дека Македонија треба да се концентрира на незавршените обврски, но пожелно е да го реши и спорот за името.

За македонскиот премиер Никола Груевски, спорот за името не е прашање со кое треба да се занимаваат членките на НАТО.„За Македонија во Букурешт се наметнува услов кој во својата суштина третира прашање што е надвор од надлежноста на Алијансата и прашање кое не коореспондира со напорите на Алијансата, за што поскоро постигнување на целосна безбедност во регионот. Искрено се надеваме дека Алијасната ќе опстои на своите принципи и ќе го спорведе она што е нејзина главна цел и долгогодишна инвестиција.“ На НАТО конференцијата во Скопје беше цитиран македонскиот лобист за НАТО, Американецот Брус Џексон „ Сега имаме шанса да ја инкорпорираме католичка Хрватска, секуларно исламиска Албанија и мултиетничка православна Македонија во Евроатланската заедница на демократски држави. Не е лошо.“