091211 Klimagipfel 2
9 декември 2011„Стравувам за иднината. Да се чека до 2020-та година е предоцна“, протестира американската студентка Абигејл Бора. „ Итно ни‘ е потребен фер и правно обврзувачки договор.“
Зборовите на предупредување се насочени кон ополномоштеникот на САД за климата, Тод Стерн. САД, како и претходно, го блокираат донесувањето на обврзувачки договор-наследник на Кјото протоколот. Исто како и Кина. Притоа, двете земји имааг особено голем удел во емисијата на штетни гасови.
Да се премислат САД, Кина и Индија
Во обид да ги премисли нив и некои други земји, ЕУ склучи алијанса со речиси 100 земји во развој. Овој климатски сојуз се надева дека ќе ги наговори САД, Кина, но и Индија на сеопфатни ветувања за заштита на климата.
„Повеќе од 120 земји од 193 учеснички на овој самит имаа заеднички став. САД размислуваат за овој притисок кој го чувствуваат тука. Притисокот ќе продолжи и врз други земји. Што значи, правиме напредок“, порача министерот за енергија на Велика Британија, Крис Хун.
До вечер разговорите треба да продолжат. Потоа ќе се покаже дали сепак ќе биде постигнат голем исчекор, мини компромис, или пак самитот ќе биде вистинска катастрофа.
Прилогот можете да го погледнете и како Видео на денот
Автор: Андре Сурен / Симе Недевски
Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска