Натамошни напади врз христијаните во Нигерија
30 април 2012Реклама
Очевидци сведочат дека тие биле застрелани при излегувањето од црква во градот Маидугури. Напаѓачите фрлале и експлозивни направи. Претходно во градот Кано на северот од земјата се случи тежок напад врз две богослужби на отворено на универзитетот. И таму напаѓачите употребиле огнено оружје и експлозив. Во експлозиите во универзитетскиот кампус Бајеро и во вооружените судири кои потоа избувнаа на околните улици беа убиени најмалку 20 лица.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, но според медиумите на сличен начин дејствува исламистичката секта „Боко харам“, која само од почетокот на годината изврши напади, главно врз христијански цели во кои загинаа над 450 лица.