1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Наскоро средба Олмерт Абас?

21 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/AzCZ

Египетскиот претседател Хосни Мубарак го покани шефот на палестинската држава Махмуд Абас на самит со Израел и Јордан. Средбата меѓу Мубарак, Абас, израелскиот премиер Олмерт и јорданскиот крал Абдула треба да се случи следнава недела. На неа ќе се разговара и за обнова на блискоисточниот мировен процес. Во меѓувреме појасот на Газа,кој е под контрола на Хамас, драматично се влошува хуманитарната состојба, а пред се недостигаат храна и лекови. Израел дозволи влез на стотина палестински бегалци од појасот на Газа преку граничниот премин Ерез и ги пренесе во Египет.