1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Наскоро средба на Олмерт со Абас?

Клеменс Ференкоте21 декември 2006

Во внатрепалестинската борба за превласт, Израел демонстративно му дава подршка на претседателот на Палестинците Махмуд Абас

https://p.dw.com/p/Adui
Претседателот на Палестинците Махмуд Абас
Претседателот на Палестинците Махмуд АбасФотографија: AP

Размерите на насилството во појасот на Газа значително опаднаа, откако во меѓувреме е објавено ново примирје меѓу ривалските движења Хамс и Фатах. Најголемиот дел од вооружените формации се повлекоа до јавноста – како што беше и договорено меѓу претседателот Абас и премиерот Ханија, уличните барикади се отстранети. Некои продавници се отворени, но не и училиштата, поради страв од ново распламтување на борбите. Се’ на се’, и покрај поединечни инциденти, ситуацијата, во споредба со изминатите денови, е мирна.

Вчера претседателот на Палестинците Махмуд Абас најави дека сака наскоро да се состане со израелскиот премиер Олмерт. Тој претходно, според израелските медиуми, му ветил дека ќе ослободи дел од досега веќе преку 550 милиони долари од палестинските царински приходи, што Израел ги блокира откако Хамас ја презеде власта.

На најавата од Абас, Олмерт возврати: “За цело време велев дека би се радувал таа средба да се одржи колку што е можно побргу. Сега слушам дека Махмуд Абас вели оти сака да се состане со мене. Ако е можно да ни биде приредена радост и нему и мене, тогаш јас не гледам речиси никаква причина тоа да не биде сторено и се надевам дека ќе се случи наскоро”.

Владата на Хамас на таква средба гледа со голема недоверба и портпаролот Хамед веќе предупреди дека претседателот на Палестинците не треба повторно да се врати со празни раце.