1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Наскоро нов мировен план за Сирија

ЖА/дпа/ртре/ дв20 септември 2012

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун најави нов мировен план за Сирија. Западна тајна служба тврди дека Иран наголемо го помага сирискиот режим во борбите против бунтовниците.

https://p.dw.com/p/16Bjt
Фотографија: Reuters

ОН наскоро ќе претстават нов мировен план за Сирија, најави генералниот секретар Бан Ки Мун. Според него, темата Сирија ќе доминира и на претстојното 67. Генерално заседание на ОН идната недела во Њујорк, иако официјално не стои на дневниот ред. Дотогаш веројатно специјалниот пратеник на ОН и на Арапската лига, Лакдар Брахими, „ќе има предлог за стратегија, која ќе може да му биде претставена на сириското раководство“, изјави Бан синоќа (19.09) во Њујорк.

Генералниот секретар изрази жалење што и сириската влада и бунтовниците се решени конфликтот да го решат со оружје. Но, Бан верува дека „воените средства нема да донесат решение, туку тоа може да биде најдено само преку политички дијалог, кој ќе ги земе предвид желбите и надежите на сирискиот народ“. Бан Ки Мун апелираше до земјите кои и‘ ставаат на Сирија оружје на располагање, да ги прекинат испораките.

Агенцијата Ројтерс пак, јавува за таен извештај на западна разузнавачка служба, според кој Иран во голем обем ја помага сириската влада во борбата против бунтовниците. Според извештајот на тајната служба, кој Ројтерс го добил во Њујорк, транспортите на оружје се одвиваат преку цивилни авиони преку Ирак. Речиси секојдневно од Техеран во Сирија се транспортираат тони оружје и бројни припадници на иранската Револуционерна гарда. Се врши вооружување на сириските владини трупи и на милициите верни на режимот. Преку Ирак и по копнен пат се врши транспорт на големо количество оружје и муниција со транспортери. Според западната тајна служба, постои таен договор меѓу високи по ранг ирачки и ирански претставници кој овозможува систематски транспорт на оружје.

Eröffnung der 21. Sitzung des UN-Menschenrechtsrats in Genf 2012
Бан Ки Мун апелираше до земјите кои и‘ ставаат на Сирија оружје на располагање, да ги прекинат испоракитеФотографија: Getty Images

Амнести интернешнл ја обвини сириската влада за намерно напаѓање на цивили

Организацијата Амнести интернешнл, во меѓувреме, го обвини режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад за своеволни напади врз цивилите, барајќи меѓународната заедница да го зголеми притисокот против Дамаск.

ОН проценуваат дека во сирискиот конфликт досега биле убиени над 20 илјади луѓе, но бројката може да биде и многу повисока, што се поклопува и со истражувањата на Амнести во Сирија. Причина е се‘ почестата употреба на тешко оружје од двете страни во конфликтот, владата и бунтовниците. Набљудувачот на Амнести, Донателa Ровера, која извесно време поминала во северниот дел од Сирија, истакнува дека таму можеби регуларната армија е во голем дел повлечена, но нападите не се прекинати, туку е само променета тактиката:

Donatella Rovera, Senior adviser bei Amnesty International
Набљудувачот на Амнести, Донателa РовераФотографија: Amnesty International

„Од крајот на јули има нова ситуација. Оттогаш оваа област е гаѓана со артилерија од голема далечина или од воздух. Воено тоа нема никаков смисол, зашто ретко цел се бази на бунтовниците, но овие напади значат смрт за нормалното население и уништување. Народот не знае веќе каде да оди и да се засолни“.