1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Наскоро легализација на мигрантите во САД

ЖА/дв/дпа/афп/ртре22 мај 2013

Сонот на околу 11,5 милиони странци кои живеат без документи во САД наскоро ќе стане реалност. Со години тие се борат за својот статус и легализација на престојот.

https://p.dw.com/p/18bwV
Фотографија: Reuters

Комисијата на американскиот Сенат за правни работи го одобри нацрт-законот за имиграција, со кој им се дава можност на милиони лица, кои незаконски живеат во САД, да добијат американско државјанство.

Документот беше усвоен со 13 гласови „за“ и пет гласови „против“. Сенатот во јуни ќе може да почне со разгледувањето на овој закон.

Нацрт-законот беше усвоен во Комисијата за правни работи во Сенатот, откако нејзиниот претседател го избегна судирот за правата на хомосексуалните брачни парови и се огласи на повиците на Белата куќа и на други институции дека таквото гласање ќе доведе до неуспех на нацрт-законот во Сенатот.

Во последна минута Комисијата се согласи и на компромис, со кој се продолжува визната програма за вработените во високотехнолошкиот сектор.

Претседателот Барак Обама го поздрави резултатот од гласањето во сенатската Комисија, нагласувајќи дека документот одговара на вредностите, кои самиот тој ги поддржува и оти има моќ да поправи еден „разурнат“ систем.

Законот ги погодува околу 11,5 милиони странци во САД, главно Мексиканци, кои во земјата живеат нелегално. Предуслов за добивање регулиран престој е меѓу другото подносителот на барањето да не зависи од социјална помош и да не бил во судир со законот. По 13 години престој, можно е поднесување барање за државјанство.