Насилството во појасот Газа продолжува
14 јануари 2005Нападот се случил непосредно пред полноќ по локално време а милитантите успеале да се доближат до тешко обезбедуваниот граничен пункт и да се разнесат себеси во моментот кога станале сомнителни.
Израелската армија соопшти дека покрај двајцата бомбаши самоубијци , нејзините војници убиле уште тројца палестински милитанти во вооружената пресметка која избила по активирањето на бомбите.
Сите шастмина загинати Израелци во нападот кај преминот Карни се цивили-соопшти армијата .
Уште најмалку 15 лица биле повредени во овој напад.
Три палестински милитантни групи ја презедоа одговорноста за овој напад , меѓу нив и бригадите Ал Акса вооруженото крило на движењето Фатах на новиот паалестински претседател Махмуд Абас. И радикалите од хамас и Народниот комитет на отпорот признаа дека учествувале во нападот .
Веднаш по овој инцидент израелски хеликоптери бомбардираа една зграда во јужниот дел на појасот газа која и припаѓа на милитантната група Исламски Џихад.
Овој напад преставува тежок удар за палестинскиот претседател Абас кој веднаш по изборот на почетокот на неделава повика на запирање на насилствата , со цел да се овозможи продолжување на преговорите за постигнување мир меѓу Израел и палестинците.
Во своите соопштенија во кои ја преезедоа одговорноста за нападот трите палестински милитантни групи најавија продолжување на насилствата.