1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

"Нарцисус" на Богоја Ангелоски изложена пред берлинската публика

24 септември 2005

Во галеријата "Прима Центар" во Берлин пред публиката со пет скулптури изработени во дрво се претставува Богоја Ангелоски, скулптор од Гостивар.

https://p.dw.com/p/AeUQ
Берлин
БерлинФотографија: dpa

Нарцисус во митологијата е познат како еден од најубавите мажи, кој ја имал таа несреќа да се вљуби во самиот себе. Преданието вели дека во него се вљубила нимфата Ехо. Кога љубовта не и била возвратена,таа исчезнала од шумите и планините. Не и остнатле ниту коските кои се претвориле во камења. Поради тоа другите нимфи го проколнале Нарцисус да страда и да се вљуби во самиот себеси. Така и се случило. Еден ден додека седел крај рибникот Нарцисус го здогледал сопствениот лик во водата и се вљубил.

Бидејќи љубовта не му била возвратена, умрел од тага токму крај истиот тој рибник. Нимфите и покрај се тагувале. Кога сакале да го погребаат, не го нашле неговото тело, туку нашле цвет кој и до денес го носи името Нарцис.

Цвекиња во галеријата на Прима центар во Берлин деновите нема. Но, петте дрвени скулптури , со позамашни димензии, со едноставни мазни површини, со еротични свиоци и тоа како ја илустрираат митолошката приказна која пред берлинската публика овој септември ја раскажува скулптпрот од Гостивар Богоја Ангелоски. Го запрашавме како и кога ги создал Нарцисус, вилата Ехо, машкото и женското Его...

"Скулптурите ги создадов последниве два месеци, овде, во Берлин.Работев во една работилница, една мала фабрика на еден мој драг пријател. Делата се работени во дрво и темата е митиолошка, приказната за Нарцисус. Тоа ми беше појдовна инспирација, преку овие скулптури да изразам една блага иронија и да се префрлам во современото живеење"- вели Ангелоски.

Тој кажува дека го интересира решението на естетскиот момент. Дрвото како материјал за скулптура го користи подолго време, зашто како вели е податно, иако работи и со метал, камен... Доста го негува и цртежот, кој впрочем може да се каже е една од фазите до вајањето на делото и токму со него последниве години самостојно се претстави и пред македонската публика.Признава дека од уметност денес тешко може да се живее , особено во помалите места и во сиромашните држави, но вели дека и уметниците имаат право да бидат она што се - творци... И да живеат од својот труд иако е многу, многу тешко зашто творештвото е всушност скапа работа. Особено ако не е чисто комерцијално. А, неговото очигледно не е!Зошто во Берлин Богоја Ангелоски се зафати токму со митологијата и митот за Нарцисус?

"И во претходното мое творештво ги третирам темите сон, приказна..Митовите се преувеличани приказни и секој си има и своја вистина. Митови се прават и денес.. Тука сакам да потсетам на нешто. Ние сите на некој начин сме Нарциси,. Сите се гледаме во огледала, во излози, по малку сме суетни и сите ние тонеме во нашите сопствени езера"