1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Напредок на самитот во Мека

8 февруари 2007

Ривалските палестински организации, Хамас и Фатах, на преговорите во Мека најверојатно постигнале приближување на ставовите. По првата средба на смирување, на претседателот Махмуд Абас и шефот на Хамас, Калед мешаал, претставницте на двете страни изразија уверување дека брзо ќе најдат заеднички јазик.

https://p.dw.com/p/AdtX
Исмаил Ханија и Махмуд Абас
Исмаил Ханија и Махмуд АбасФотографија: AP

Средбата во Мека била многу позитивна, оцени делегатот на Хамас, Мохамед Насал, изразувајќи оптимизам дека најдоцна за три дена ќе биде постигнат договор. Разговорите биле отворени и двете страни не се сомневаат во тоа дека резултатот од средбите во Мека мора да биде позитивен.

Советник на палестинскиот претседател, Абас, изјави дека двете страни веќе се договориле околу министрите на трите клучни ресори – финансии, внатрешни работи и надворешна политика, кои треба да им бидат дадени на експерти. Советникот на палестинскиот претседател, Набил Амр, изјави: “Се надеваме дека за кусо време ќе има договор за политичката основа на влада на национално единство. “

Средбата на Хамас и Фатах во светиот град е остварена со посредство на саудискиот крал Абдула. На самитот му се дава огромно значење по борбите во појасот Газа, во кои загинаа повеќе од 60 луѓе.