1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Напната состојба на северната ирачка граница

14 октомври 2007

Владата во Анкара најави воени подготовки за интервенции во ирачкото гранично подрачје,со цел да ги сузбие курдските бунтовници кои се кријат во овој регион

https://p.dw.com/p/Bqo3
Турција доведува трупи на границата кон ИракФотографија: AP

Борците од забранетата сепаратистичка Курдска работничка партија вчера водеа престрелки со турските војници во едно гранично село.ПКК претходно најави дека ќе се врати од северен Ирак во Турција,каде ќе врши напади врз политичари и силите за безбедност.

Состојбата е напната,од средината на неделата на северната ирачка граница се движи турската армија.Владата во Анкара сака воено да интервенира против припадниците на Курдската работничка партија во севрноирачките гранични подрачја.Од претходната недела досега,ПКК уби 30 турски војници,војската е подготвена на контраудар.Кон средината на следната недела се смета и на дозвола од парламентот.

За курдскиот дел од Ирак,кој долго важеше за најсигурна провинција на земјата,тоа би била катастрофа.Владата во Ербил сака да спречи нова војна.Фалах Мустафа Бахир,портпарол на курдската привинциска влада објаснува:

„ПКК е проблем на кој мора да му се пријде политички.Воените средства нема да донесат никакво решение.“

Јасна слика за воената ситуација

Курдите во Ирак располагаат со сопствени безбедносни сили:Першмерга милицијата се бореше на страната на Американците против Садам Хусеин и во меѓувреме е дел од ирачката армија.На викендов Першмерга милицијата поставува позиции долж границата и се позиционира наспроти заканувачката турска инвазија.Ако не нападнат,мораме да се браниме,вели Џида Хамид Хаидар,мајор во Першмерга.

Но,и офицерот се надева на политичко решение.Неговата милиција претпочита мирни средства,вели тој.Мајорот има јасна слика за воената ситуација.Провинциската влада во Ербил признава дека нема да може да и се пружи голем отпор на втората по големина армија во НАТО ако вмаршира преку границата.

Минатиот месец Турците и Ирачаните се договорија во Северен Ирак да нема воени акции без согласност на Багдад.Овој договор во меѓувреме се покажува како целосно безвреден.Ако Турците не се премислат,последниот колку толку мирен дел од Ирак веројатно ќе биде втурнат во хаос.