1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Напад со бомба врз редакцијата на „Вјести“ во Подгорица

ЖА/миа27 декември 2013

Непознато лице активирало експлозивна направа синоќа, половина час пред полноќ, под прозорот на канцеларијата на главниот уредник на редакцијата на дневниот весник „Вијести“ во Подгорица.

https://p.dw.com/p/1AhIw
Фотографија: picture-alliance/World Pictures/Photoshot

Во момент на експлозијата уредникот Михајло Јововиќ се наоѓал во канцеларијата, но не е повреден. Во редакцијата имало 15-на луѓе меѓу кои нема повредени. Од силната детонација демолирани се подрумските простории и искршени се стаклата на прозорците во неколку канцеларии.

Порталот на весникот наведува дека безбедносната камера снимила маж во црна јакна како ја поставува експлозивната направа. Нападот се сллучува во истиот ден кога Владата на Црна Гора формираше посебна комисија со задача да ја следи работата на државните органи во истраги кои се однесуваат на напади врз медиуми и новинари.