Напад врз полициско возило на влезот на Скопје
4 јануари 2008Реклама
Македонската полиција сеуште не соопштува детали околу нападот врз возилото на полициските специјалци на влезот од Скопје. Вчера попладне еден полицаец беше убиен, а двајца ранети, откако од цивилно возило бил отворен оган врз полицијата. Премиерот Никола Груевски во првата изјава повикувајќи се на Министерството за внатрешни работи, рече дека е можно да се работи за напад од криминалци.