1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Напад врз Министерството за одбрана во Јемен

ЖА/дв/дпа/афп/ртре5 декември 2013

Најмалку 25 лица загинале во експлозијата на автомобил-бомба и судирите околу воената болница во јеменската престолнина Сана.

https://p.dw.com/p/1ATUj
Фотографија: Reuters

Група вооружени напаѓачи денеска изврши напад врз Министерството за одбрана во Сана, главниот град на Јемен. Атентатор-самоубиец прво се разнесе со автомобил бомба на вратата на институцијата, а потоа вооружени лица упаднале во комплексот и влегле во судир со силите на безбедноста. Во меѓувреме, ситуацијата е под контрола. Бројот на загинатите, според информации од Министерството за одбрана, изнесува 25 лица, иако лекарите споменуваат за 50 загинати и над 100 ранети. Јеменското министерство за здравство упати повик до граѓаните за дарување крв.

Цел на нападот била воената болница во рамките на комплексот во Министерството за одбрана, поради тоа меѓу загинатите има бројни здравствени работници. Според првите извештаи, загинале шест лекари, како и петмина пациенти.

Во времето на нападот во посета на комплексот била странска делегација. Министертството за одбрана се наоѓа во стариот дел од Сана, каде е лоцирана и Централната банка. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот. Јеменската полиција во послендо време зачестено се бори против бунтовници и исламистички групи. Нивна цел најчесто се воени бази, нафтоводи и гасоводи. Според власта, овие групи имаат тесни врски со терористичката организација Ал Каеда.