1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Напад врз медицинари во Пакистан

ЖА/афп/дпа1 март 2014

Во бомбашки напад врз група медицинари кои требало да вршат вакцинација во северозападен Пакистан загинаа 12 луѓе. Единаесет од нив се војници, а едно е дете.

https://p.dw.com/p/1BHxK
Фотографија: picture alliance/AA

Според информациите на локалните власти, војниците придружувале конвој активисти кои во регионот стигнале за да понудат помош за вакцинација против детска парализа. Од експлозијата на вкупно три бомби се оштетени и две возила на медицинските екипи. Нападот се случил на околу 30 километри југозападно од Пешавар, главниот град на немирната провинција Кибер Пактунква, која граничи со Авганистан и упориштата на терористичката мрежа Ал Каеда, во која спаѓаат повеќе исламистички групи, меѓу кои и талибанците.

Во Пакистан се‘ почести се бомбашките напади против соработниците на организациите кои вршат вакцинација. Исламистичките групи во вакцинацијата гледаат заговор на Западот против Пакистан и против исламот. Хуманитарните и медицинските организации се сомничат од страна на пакистанските исламисти дека всушнсот вршат масовна стерилизација на муслиманските деца и сакаат да го искоренат исламот.

Недовербата беше разгорена со кампањата за вакцинација во март 2011. година во Аботабад, иницирана од тајна американска служба. Акцијата во севернопакистанскиот гарнизонски град за цел имала добивање ДНК-проби од семејството на Осама бин Ладен, за кој се претопставувало дека се крие таму. Пробите го потврдиле сонмежот дека лидерот на терористичката мержа Ал Каеда нашол прибежиште во градот, а на 2. мај специјалната американска единица го уби Бин Ладен.

Детската парализа се‘ до средината на 1950-те години се сметаше за победена. Но, во последно време се‘ почесто, првенствено во Пакистан, Авганистан и Нигерија се појавуваат случаи на заразната болсет. Податоците на Светската здравствена организација велат дека лани во Пакистан се регистрирани 91 случај на детска парализа.