1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Напад врз италијанскиот конзул во Бенгази

ЖА/дв/дпа/ртре13 јануари 2013

Четири месеци по смртоносниот напад врз американската амбасада во либискиот град Бенгази, вооружени лица отворија оган врз автoмобилот на италијански дипломат, но тој остана неповреден.

https://p.dw.com/p/17J6l
Фотографија: Reuters

Непознати лица испалиле повеќе истрели врз службеното возило на италијанскиот дипломат кога тој на пат кон станот застанал на раскрсница во Бенгази. Напаѓачите целно гаѓаа врз конзулот и возачот, но тие останаа неповредени поради блиндираното возило, соопшти службеник од безбедноста на Либија.

Италијанскиот конзул во либискиот град Бенгази, Гвидо де Санктис, остана неповреден кога непознати лица денеска пукаа врз неговиот автомобил, соопшти и италијанското Министерство за надворешни работи.

„Тој е неповреден“, рече претставник на министерството.

Санктис во Бенгази се наоѓа од почетокот на востанието против поранешниот диктатор Моамер eл Гадафи во февруари 2011. година. Следната недела тој треба да стапи на нова должност во Катар.

На безбедноста на западните државјани во вториот по големина либиски град се посветува се‘ поголемо внимание откако на 11 септември минатата година во напад врз американскиот конзулат беше убиен амбасадорот Крис Стивенс и уште тројца американски државјани. Нападот неколку дена подоцна американската администрација го оцени за терористички. Претходно, се сметаше дека инцидентот е последица на спонтаните протести против во САД произведениот филм со кој се навредува пророкот Мохамед.