Нападот во Пуне е терористички
14 февруари 2010Кафулето „Џерман бејкери“ е комплетно уништено. Експлозијата била толку силна што се оштетени и околните објекти. Држaвниот секретар во министерството за внатрешни работи на Индија, Гопал Пилаи, соопшти: „Во кафулето е пронајден ранец кој, како што изгледа, не му припаѓал никому. Еден од келнерите се обидел да го отвори ранецот и бомбата експлодирала.“
Меѓу повредените има голем број странски државјани, меѓу кои и еден германски. „За среќа, преживеаја сите мои пријатели“, вели еден од туристите, кој додава: „Никој не ни‘ помогна. Моравме сами да ги префрламе повредените во болничките возила.“
Полицијата бара траги на местото на експлозијата кои би укажувале на можните извршители. Многумина веруваат дека атентатот е дело на пакистанската исламистичка група Лашкар-е-Таиба, која стоеше и зад нападите во Мумбај пред година и половина.
Автор: ЕМФ/БГ/Т.Јаншчки/афп