Нападите во Бали ги извршиле бомбаши самоубијци!?
2 октомври 2005Бомбите како што соопшти полицијата експлодирале во два ресторана за брза храна на плажата Џимбаран и една во стек бар на плажата Кута, регион во чија околина се наоѓаат голем број продавници и објекти за забава.
Полицијата засега официјално неможе да потврди, но се сомнева дека станува збор за бомбаши самоубијци. Шефот на полицијата соопшти дека според првичните анализи најверојатно станува збор за самоубиствени напади, додавајќи дека конечниот официјален резултат ќе биде познат по форензичките анализи.
Индонезиските власти сеуште се во шок.
„ Ние сме многу тажни и шокирани по веста дека во Бали повторно се случија бомбашки напади. Полицијата врши истрага и се надевам дека наскоро ќе биде познато кој стои зад експлозиите„ изјави вицепретседателот Јусуф Кал
Бебзедносните служби соопштија дека било многу тешко да се делува превентивно, имајќи во предвид дека нападите биле извршени во многу фреквентен дел.
Министерот за здравство соопшти дека досега се идентификувани 15 од загинатите. 12 од нив се индонезијци, двајца австралијци и еден јапонски државјанин. Меѓу загинатите е и едно шестгодишно момче
Австралискиот премиер Џон Хауард соопшти дека по барање на индонезиските власти кон Бали отпатувале неколку ексепртски тимови кои треба да помогнат во истрагата. Министерот за здравство на Австралија Тони Абот кој за време на експлозијата се наоѓал на одмор во Бали ги посети 12 повредени австралиски државјани. Според последните информации 50 од повредените се индонезиски државјани, 17 австралијци, шест кореанци, тројца јапонци и двајца американци.
Координираните напади во Бали се случуваат нецели три години по бомбашкиот напад пред еден ноќен клуб во кој загинаа 202 лица, најголем дел од нив странски туристи. Одговорноста за овие напади ја превзеде Ал Каеда.