1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Наодите за антракс досега се негативни

Горан Петрески10 август 2007

Македонските ветеринарни власти трагаат по угинато говедо, кое според претпоставките, зарази со кожен антракс тројца селани од тетовско Јажинце.

https://p.dw.com/p/BSml
Фотографија: AP

Заразените се чуствуваат подобро, црните красти по рацете им заздравуваат, но во селото се заразени уште десетина грла добиток. Надлежните тврдат дека кравите не се болни од антракс. Заменик министерот за земјоделство, Перо Димишковски, тврди дека иако антраксот не е непозната болест во Македонија, во овој случај анализите биле негативни: ”Сите наоди се негативни на антракс – и клиничкиот наод, и лабораторискиот наод се негативни. Ова се однесува на говадата што се сега таму присутни и кои можевме да ги идентификуваме, а за кои имаше сомневање дека се заболени од некоја болест.

Кожниот антракс не е новина

Според здравствените работници, кожниот антракс кај луѓето не е новина во Македонија. Во последните 30 години биле регистрани околу 300 случаи . Последните се појавија во тетовското село Јажинце. Селаните се заразиле откако дереле болна крава. Тони Киранџиски од Ветеринарната управа вели дека екипи на терен го бараат изворот на заразата: ”Веруваме дека тоа говедо ќе биде лоцирано. Нашите сознанија велат дека говедото, месото и кожата се зкаопани. Откако ќе го лоцираме, ќе земеме примероци од тоа што останало и се надеваме дека ќе можеме д аутврдиме дали се работело за болеста антракс.”

DNS Tests in Bosnien
Фотографија: AP

Жителите со во паника, ветеринарите вршат дезинфекција во сите домаќинства на кои им пцовиса добиток. Превентивно, воведена е и задолжителна вакцина до 2020 година. Тројцата пациенти заразени од кожен антракс успешно се излекувани во инфективното одделение на тетовската болница. Нови случаи не се пријавени. Во меѓувреме Управата за ветеринарство го забрани увозот на живи животни и производи од животинско потекло од Велика Британија поради појавата на болеста шап и лигавка во таа земја. Управата, побарала од сите ветеринарни друштва да бидат особено внимателни заради навремено откривање на шап и лигавка. Согласно препораките на Европската комисија, ветеринарните власти забранија и увоз на пилешко месо од сите земји каде што е дијагностициран птичји грип.