1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Намалена основната каматна стапка во САД

Карстен Шмистер19 септември 2007

Американската централна банка ја намали основната каматна стапка за цели 0,5%.На тој начин банката реагира на економската криза предизвикана од загубите на американскиот пазар на недвижнини.

https://p.dw.com/p/BhQS
Фотографија: BilderBox

Централната банка во САД говори за умерен пораст на американската економија во првото полугодие, но нагласува дека кризата со хипокетите ги зајакнуваат корекциите на пазарот на недвижности и со тоа би можел да биде закочен стопанскиот пораст. Намалувањето на каматните стапки сега би требало да спречи актуелните пореметувања на финансиските пазари да ја претворат оваа опасност во реалност. Гречен Моргенсон од “Њујорк Тајмс“ оценува: ”Директорите на централните банки стравуваат од рецесија и загрижени се поради кризата со хипотеките. Сето тоа се огледува во нивните решенија.”

Притоа, заштитниците на валутата признаваат дека и покрај позитивниот развој, во САД и во иднина ќе има извесен ризик од инфлација. Во официјалното соопштение се вели дека на тоа ќе се обрне големо внимание. Генерално се заклучува дека движењето на финансиските пазари ја зголемило несигурноста кога станува забор за натамошниот економски развој. Така погледнато, значи, малку причини за славје, кои сепак почпна откако беше објавена веста за каматите. “Ако имате долгови”, ги охрабруваше еден економски експерт илјадниците сонародници на телевизија, “тогаш денеска е добар ден за вас”. Други експерти на проблемот му приоѓаат од постручен аспект. Марк Занди, на пример, од Агенцијата за проценка “Мудис“ преку радио предупреди...:“Ќе потрае додека ситуациата на пазарот на недвижности се поправи. Ниските камати тука не помагаат, барем не брзо.”

Ќе повлече ли банката и други потези?

Дејвид Вајс, шеф во фирмата “Стандард и Пур“, тврди дека има исклучоци: ”Во четвртиот квартал каматите се променија кај многу варијабилни кредити, и тие станаа поповолни. Тоа е една од непосредните последици на намалувањето на каматите.”

Ќе има ли можеби и други последици? Тоа е прашањето што преовладува денеска, откако духовите малку се смирија во текот на ноќта. Од Централната банка дојде уште само ова - “доколку е потребно ќе се дејствува за да се поддржи стабилноста на цените и порастот“. Гречен Моргенсон смета дека тоа значи дека ќе следува уште: ”Можноста постои. Многу луѓе сметаат дека каматите до крајот на годината ќе се намалат за 0,75%. Сега сме кај 0,5%. Познавачите на пазарот веруваат дека ова не беше последниот чекор на Централната банка и дека таа и натаму ќе ја намалува каматата.”