1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Намалена казната за Навални

БГ/бета16 октомври 2013

Судот во Русија денеска ја преиначи казната за опозицискиот лидер Алексеј Навални од пет години затвор во пет години условна казна.

https://p.dw.com/p/1A0e9
Фотографија: Reuters

Со денешната пресуда практично беше прифатена жалбата на Навални и на неговиот соработник Петр Офицеров, на пресудата донесена на 18. јули годинава. Тие беа осудени поради финансиски малверзации во државната компанија Кировљес.

По донесувањето на пресудата Навални беше приведен, по што следуваа протести на неговите поддржувачи во Москва. Судот, следниот ден, донесе одлука дека тој како кандидат има право да учествува во политичката борба за градоначалник на Москва и го пушти на слобода, со одложување на извршувањето на казната.

Аналитичарите тогаш оценија дека власта на тој начин му овозможила на старо-новиот градоначалник Сергеј Собјањин да има конкурент во изборната кампања.

По денешната одлука на судот, Навални изјави дека со неа не запира политичката борба.

„Ние покажавме дека можеме да извршиме силно влијание врз власта. Треба да се продолжи со неа за да бидат ослободени оние кои седат во затворите од политички причини“, рече Навални.