1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Налози за апсење за Дарфур

2 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag8F

Меѓународниот кривичен суд во Ден Хаг соопшти денеска дека за прват издал налог за апсење лица поради геноцидот во јужносуданската провинција Дарфур.Издаден е налог за приведување на Ахмед Харун,судански државен секретар за хуманитарни активности,кој порано бил одговорен за Дарфур како министер,се вели во соопштението од судот. Пред судот треба да се најде и Али Кошеиб,лидер на исламистичките милиции Џанџавид.Истрагата била вршена под тешки околности,зашто не била водена во Дарфур.Во овоуј регион од 2003 година се убиени повеќе од 200 илјади луѓе,а а околу 2,5 милиони се раселени во судирите меѓу црните бунтовници од една и владините сили и арапските парамилиции од друга страна.