Налог за апсење на Јанукович
24 февруари 2014Новото украинско раководство издаде налог за апсење на Виктор Јанукович, досегашниот претседател на дражавата, под сомнение за извршени масовни убиства, соопшти в.д. министер за внатрешни работи Арсен Аваков на својата Фејсбук страница. Според неговите информации, Јанукович се наоѓа на прoруски ориентираниот полуостров Крим на Црното Море. Издаден е налог за апсење и на други високи по функција политичари со истото обвинение, изјави Аваков.
Последен пат Јанукович бил виден во градот Доњецк, каде во придружба на вооружени телохранители во саботата сакал да ја напушти земјата со авион. Граничарите наводно го спречиле неговиот обид.
Досегашната опозиција на викендот по повеќемесечни протести ја презеде власта во земјата.
Во крвавите улични борби меѓу силите на безбедноста и владините противници во минатите недели во центарот на Куиев и во другите градови беа убиени десетици лица. На плошатдот Независнсот во Киев снајперисти, според опозицијата, целно убивале демонстранти со истрели во глава или во градите. Парламентот во саботата го развласти Јанукович.