1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Над сто загинати во Ирак по серијата напади

30 март 2007
https://p.dw.com/p/AgIl

Билансот на загинати по вчерашната серија бомбашки напади во Ирак, е над сто загинати. Најголем дел од жртвите се цивили. Само во атентатот на пазар во шиитски кварт на Багдад загинаа 67 лица.

Ирачкиот премиер Нури Ал Малики апелираше до бунтовниците да се воздржат од напади и Ирачаните да соработуваат со безбедносните сили за да се спречи „насилството да излезе од контрола“.