Набуко гасовод
27 јуни 2006Во заедничката изјава министрите на спомантите држави ја дадоа политичката поддршка за изградбата на гасоводот. Изјавата ја потпиша и евро-коемсарот за енергетика Андрис Пиебалгас. Гасоводот Набуко, кој треба да транспортира до 30 милијарди кубни метри гас годишно треба да го направи посигурно обезбедувањето на Европа и да понуди алтернатива за руксиот гас. Австрискиот министер за стопанство Мартин Бартенштајн:
„Ова е проект чија цел е подобрување на сигурната испорака на гас за Европската унија„.
Гасоводот долг 3 илјади и 300 километри ќе носи гас од Каспиското море до Австрија преку Турција, Бугарија, Романија и Унгарија. Гасот за Набуко ќе доаѓа од Азербејџан и Иран, но исто така и од Ирак и Египет. Казахстан и Русија не се исклучени како можни лиферанти. Австриаксиот минситер за стопанство Бартенштајн се обиде да ги ублажи можните недоразбирања:
„Набуко проектот не е насочен против никого. Ниту против Русија или Газпром, туку е само пат за диверсификација на изворите за снабдување на Европската унија. Имаме одлични односи со Русија и Газпром и сите знаат дека Русија останува главниот испорачувач„.
Гасводот ќе биде изграден и управуван од Набуко гасоводот интернешенел. Акционери се пет национални енергетски друштва: турското БОТАС, австриското ОМВ, бугарското Булгаргас, унгарското МОЛ и романското Трансгас.
Дел од финансиите би трербало да обезбеди и Европската инвестициона банка. Европската банка за обнова и развој проектот ќе го поддржи со долгорочни кредити.