Мјанмар ја укина цензурата на печатот
20 август 2012Властите во Мјанмар утрово (20.08) објавија дека ја укинуваат цензурата во медиумите во земјата. Во кусата информација објавена на интернет страницата на тамошното министерство за информации се наведува дека цензурата за сите локални публикации се укинува од 20 август. Демократизацијата на општеството во Мјанмар тргна во нагорна линија откако власта во 2011. година ја презеде претседателот Теин Сеин, по речиси 40-годишна воена диктатура.
Азиската банка за развој денеска објави проценка дека Мјанмар може да стане следниот азиски економски џин, со годишен економски раст меѓу 7 и 8 проценти во следните 10 години и утројување на приходот по глава на жител.
Западните земји во меѓувреме укинаа поголем дел од економските санкции кои во изминатите две децении беа наменети пред се’ за претставниците на воената хунта. Земјата, која се наоѓа во стратешки важен регион меѓу Кина и Индија, е богата со природни ресурси и обучена работна сила, наведува Азиската банка за развој.