1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мушараф попушта под присокот?

9 ноември 2007

Пакистанскиот претседател Мушараф објави одржување предвремени избори најдоцна до фебруари.Му веруваат ли во земјата во која се уште владее вонредна состојба?Во меѓувреме е потврдена веста за домашен притвор за Буто.

https://p.dw.com/p/C5rA
Первез МушарафФотографија: AP

Не поминаа ниту 24 часа од разговорот со американскиот претседател Џорџ Буш, а пакистанскиот претседател веќе најави дека ќе ги исполни двете барања кои пристигнаа од Вашингтон. По седницата на Националниот совет за безбедност во Исламабад, Мушараф изјави:

„Изборите мора да се одржат што порано. Дојдовм до заклучок дека изборите во Пакистан мора да се одржат најдоцна до 15 фебруари 2008 година“, рече Мушараф.

Со тоа гласањето ќе биде пролонгирано за еден месец во однос на првично планираниот термин.

Не се знае до кога ќе важи вонредната состојба

За сега се уште е отворено прашаењето до кога во земјата ќе трае вонредната состојба која Мушараф ја прогласи минатата сабота за како што рече за спречување на растечкото насилство со екстремистичка позадина во земјата.

Од друга страна, организациите за заштита на човековите права критикуваат дека на почетокот од неделава, од затвор најпрвин се ослободени дваесетина екстремисти, а потоа на слобода се пуштени уште шеесетина Талибанци.

Второто ветување на Мушараф гласеше - ќе се откаже од функцијата прв човек на пакистанската армија, но постави и услов - претходно официјално да му биде потврден неговиот избор за претседател од 6 октомври годинава.

„Тоа е трета фаза од преодниот период кон демократија и јас морам да ја симнам мојата генералска униформа. Врховниот суд сега мора да одлучи кога ќе биде потврден мојот реизбор за претседател. Доколку судот тоа го стори, тогаш ќе ја положам заклетвата како претседател и ќе ја соблечам армиската униформа. Тоа веќе го кажав и пред два месеца“.

Но, многумина во Пакистан не му веруваат на претседателот.

Домашен притвор за Буто

Опозиционата Народна партија на поранешната премиерка Беназир Буто, и покрај забраната за собири поради вонредната состојба за денеска најави демонстрации во Равалпинди. Во меѓувреме се уапсени голем број приврзеници на опозицијата.

Pakistan Islamabad Benazir Bhutto unter Hausarrest
Полиција пред куќата на БутоФотографија: AP

Министерот за сообраќај потврди дека Буто од утринава е во домашен притвор.

„Мерката е привремена, а целата е да се спречи таа да оди на закажаниот собир“, рече Шеика Абудул Рашид.

Опозциционата партијата соопшти дека во Пакистан до сега зад решетки се околу 5000 противници на актуелната влада.

Во земјата со неверување се дочекани и новите најави на претседателот, смета и уредникот на информативната програма на популарната телевизија „Аај ТВ“, Сајед Талат Хусеин.

„Тоа се првите чекори, но нормализација за жал се уште не е на повидок. Суспендирање на уставот беше тежок потег кој има последици. Нема лесно враќање назад од ситуација во која постои неизвесност околу Уставот“.