1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мушараф - борба против тероризмот

13 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BFZk

Претседателот на Пакистан Первез Мушарав во телевизиско обраќање најави борба против тероризмот во неговата земја. Покрај останатите мерки треба да биде зголемен бројот на безбедносните сили на границата со Авганистан, од каде навлегуваат радикални Талибанци во земјата. По последните напади на радикални исламисти во пограничниот град Хангу, градот е под опсада. Мушараф ги повика водачите на коранските училишта во Пакистан да проповедаат умереност.