Мушарав повикува на смиреност по обидот за атентат врз Буто
19 октомври 2007Реклама
По самоубиствениот бомбашки напад врз конвојот на поранешниот пакистански премиер Беназир Буто , шефот на државата Первез Мушарав го повика населението да остане мирно. Тој вети дека ќе стори се за да бидат фатени и жестоко казнети организаторите на нападот во Карачи во кој загинаа 130 лица, а над 290 се повредени.
Беназир Буто мина без повреди .Таа вчера по осум години егзил се врати во земјата. Пред нејзиното пристигнување имаше закани од екстремисти за атентат врз неа . Нападот во Карачи беше најостро осуден од ОН и САД.