Муслиманското братство оди во илегала
23 септември 2013Административен суд во Каиро донесе денеска (23.09.2013) пресуда со која се забрануваат сите активности на Муслиманското братство. Одлуката на судот доаѓа по барањето на Братството да се регистрира како невладина организација, статус што оваа исламистичка организација ја имаше од март оваа година. Воените власти во Египет покренаа силна кампања за целосна елиминација на Муслиманското братство од египетскиот јавен живот, веднаш по тргањето од власт на првиот исламистички претседател Мохамед Морси кој беше симнат од функцијата на 3 јули годинава. Десетици активисти и високи функционери на Братството од тогаш се уапсени, меѓу кои и претседателот на организацијата Мохамед Барие. Сите уапсени приладници и функционери на Муслиманското братство се обвинуваат за потикнување насилство и за убиства.
Приврзаниците на Морси, најголемиот дел припадници на Муслиманското братство, продолжуваат да бараат ослободување на поранешниот претседател и негово враќање на функцијата, но во уличните судирања со секуларистите и безбедносните сили, голем број исламисти загинаа. Египетските сили за безбедност своите операции против екстремизмот во земјата го објаснуваат како борба со тероризмот.