1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Муслиманското братство – нов владетел во Египет

18 јануари 2012

Тие се големите победници на изборите во Египет – муслиманското братство. И радикалните салафисти триумфираа со големо мнозинство. Нивниот успех е легитимиран преку изборите, коишто никогаш не беа толку слободни.

https://p.dw.com/p/13l4C
Муслиманското братство освои речиси половина од гласовите на изборите во ЕгипетФотографија: AP

Египќаните после децении за првпат слободно гласаа. И очигледно одбраа да бидат водени од исламисти. Конечниот резултат, од повеќето етапи на одржаните избори за пратеници во Претставничкиот дом, треба да биде познат на крајот од јануари.

Wahlen in Ägypten Januar 2012
Изборите во Египет се одвиваа по повеќе етапи и беа слободниФотографија: Reuters

Но, веќе е јасно дека партијата на муслиманското братство „Слобода и правда“ ќе заземе 46 проценти од 498-те мандати. Но, не триумфира само муслиманското братство со изборниот успех, туку и радикално-исламистичките салафисти. Тие со 25 проценти излегоа од изборите како втора јака сила, иако тие се новина на египетскиот политички пејсаж. Партијата на светлината, попозната како Партијата на салафистите, постои од пред половина година.

Во изборите се бореше и Амр Муса, долгогодишен шеф на Арапската лига и можен претседателски кандидат. Активистите од плоштадот Тахрир не успеаја минатата година да ја направат својата партија позната за да биде избрана. А, поддржувачите на стариот режим на Мубарак успеаја да освојат само 20 пратенички места.

Со либералите или салафистите?

Salafisten Salafiyya Ägypten
Салафистите нема да се откажат од стриктните исламистички правилаФотографија: AP

Додека салафистите нагласуваат дека нема да се одделат од нивните стриктни исламистички правила, муслиманското братство се однесува умерено. Така, некои од водечките претставници на коптска божиќна служба на почетокот од јануари, во катедралата во Каиро, зборуваа за „толеранција и умереност“.

Муслиманското братство, како и салафистите, гледа на својот успех како на жетва на религиозното убедување со децении, нивната општествена посветеност и нивната работа како кредибилна опозиција на поранешниот режим на Мубарак. Но, тоа не освои апсолутно мнозинство и сега мора да бара коалиционен партнер.

Новинарот Карим Ел Гавхари смета дека умереното муслиманско братство треба да коалицира со Партијата на светлината на радикалните исламисти.

Karim El-Gawhary
Новинарот Карим Ел Гавхари смета дека муслиманското братство треба да коалицира со радикалните исламистиФотографија: ORF

„Мислам дека зависи од тоа кои сојузи ќе бидат направени. Муслиманското братство всушност се однесува многу прагматично, а вистинските исламисти велат дека тие се опортунисти. Тие веќе со месеци разговараат и се ориентираат кон турскиот модел и затоа не треба да се заборави дека опсегот што го имаат е релативно многу мал. Оваа земја не е Саудиска Арабија, којашто има нафта и може целосно независно да делува. Оваа земја во голема мерка зависи од туризмот, а секое 10-то работно место зависи директно или индиректно од туризмот. Таа зависи многу и од странските инвестиции, кои во последната година се преполовија. А, 10 проценти од населението се коптски христијани, сето тоа се фактори што им даваат помал простор на исламистите“, вели новинарот Карим Ел Гавхари.

Нема можност за самостојно водство

Исламистите ја искористија шансата, а револуционерите од првиот час се чини дека беа маргинализирани.

„Она што е за жал за револуционерното движење од првиот час е што тоа во оваа дискусија е маргинализирано. А, повлекувањето на Ел Барадеј од претседателски кандидат е спектакуларен израз на немоќ“, изјави Роналд Мајнaрдус, директор на Фондацијата „Фридрих Нојман“ во Каиро.

Global Media Forum GMF 2011 Deutschland Ägypten Ronald Meinardus
Роналд Мајнардус, директор на фондацијата „Фридрих Нојман“ во Каиро, смета дека револуционерите се маргинализираниФотографија: DW

Идната влада ќе зависи од Западот, ако сака да се справи со својот голем проблем – економијата која се наоѓа на дното. Овие денови египетската влада побара од ММФ кредит од милијарда долари. Невработеноста е повисока од кога и да е. А, лидерството на исламистите знае дека економските и социјалните проблеми во Египет можат да се решат само ако не се дели населението и не се прокоцка меѓународната доверба. Само кога туристите ќе се вратат и инвестициите ќе се обноват, дури тогаш ќе ќе се намали државниот долг.

На 23-ти јануари парламентарците се собираат за првпат и ќе одберат комисија од 100 члена, која ќе предложи устав. Западот ќе мора да размисли кого ќе го поддржи, ако е заинтересиран за стабилноста во регионот, порачува новинарот Карим Ел Гавхари.

Автор: Дијана Ходали / Александар Методијев

Редактор: Ж.Ацеска