1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Музиката ги руши бариерите меѓу Македонија и Грција

3 септември 2011

На „Балканскиот музички плоштад“ во Охрид летово настапи групата „Имам Баилди “од Грција. Ја кренаа публиката на нозе и докажаа дека за музиката нема граници. Немаат ништо против македонски бенд да свири во Грција.

https://p.dw.com/p/12SWH
Групата „Имам Баилди“Фотографија: DW

За јубилејната десегодишнина, агилниот  менаџер Иво Јанковски на „Балканскиот музички плоштад“ успеа да ги доведе осумтемина  членови на веќе надалеку популарната грчка група „Имам Баилди “. Секогаш пред луѓето да ја слушнат нивната музика, застануваат и се интересирааат за името. Всушност „Имам Баилди “ е популарно јадење од Медитеранот, подготвено  од модри домати, полнети со кромид, лук и домати, потопени во маслиново масло. Не е за чудење што и музиката која ја изведуваат е микс од музика од регионот. Од еднастрана препозантливиот звук на „ребетико“,традиционалното бузуки, хип – хоп, дури и мамбо.

Се сретнавме на Антички театар со фронтемнот на групата и еден од нејзините основачи Лисандрос Фалиреас. По вообичаеното – здраво, тргна разговорот, како  стигнаа до Охрид ?

„Имаме добар пријател во Солун. Тој ни го предложи Иво, се поврзавме и еве не во Охрид. Иво знаеше за нашиот репертоар и брзо се договоривме за настапот“, рече Фалиерас.

Mazedonien Band Imam Baildi
Фотографија: DW

Миксот во храната-инспирација за микс во музиката и стиловите

„Имам Баилди “ толку многу  го сакаат ова јадење по кое ја именувале и групата?!

„Јас и мојот брат кога го основавме бендот одлучивме, бидејќи често го правевме и правиме тоа јадење, така да се наречеме. И јадењето е микс, како и музиката која што ја создаваме. Со состојки кои не се типични за другите делови од светот. Кај нас доминира ориенталната музика, но и грчка и  музика од останатите народи на Балканот, па дури и латино.Така ние ги мешаме Исток и Запад. Но, сепак идентитетот на групата е грчки и медитерански“.

Кои се всушност „Имам Баилди“? Првиот истоимен албум го издале во 2007 година по што добиле одлични критики и следела турнеја од дури 130 концерти низ Грција и Европа. На концертите често ја делеле сцената со големи музички имиња  како: „Масив атак “ и „Охос  де брухо“. „Книга за готвење “ се вика нивниот втор албум. Во јуни годинава тој беше на петто место на европската топ листа.

Политиката е различна од животот на обичните луѓе преку границите

Со оглед на затегнатата политика меѓу Грција и Македонија, дали имале проблеми во Македонија?!

„Луѓето овде се многу дружељубиви. Знам дека има некои политички прашања, ама тоа се глупости. Немавме никакви проблеми, ако мислите на прашањето со името. Ние сме соседи и Балканци и не треба да има проблеми. Ние музичарите, уметниците не поддржуваме такво нешто, каде и да било во светот, па и овде. Мислам дека политиката во овој случај е различна од она што го мислат обичните луѓе во двете земји. Мислам дека најголем број наши луѓе немаат проблем со граѓаните на Македонија. И мислам дека така треба да биде. На пример во Охрид се чувствуваме убаво и инспиративно на Античкиот театар. Важно е публиката да е задоволна. Мислам дека миксот од цел Балкан им звучи доволно познато и дека ќе ги понесе“, категоричен е Лисандрос.

Бура од овации и емоции на Антички

Публиката во Охрид долго ги наградуваше со аплаузи, вака реагираа повеќемина:

„Спојот на музиката е она што секогаш не‘ прави сите да сме заедно. Па и ова е добро прифатено, барем сега во овие услови какви што сме. И без разлика што групата е од Грција, публиката реагира, така како што треба да реагира на музика, независно кој и од каде ја изведува“.

„Добри се! Малку е необична целата работа, ама одлични се. Публиката се забавува . Има и странци кои си се посебно расположени. Одлично е, треба да има повеќе вакви настани“.

Panoramabild von Ohrid
Фотографија: Petr Stojanovski

И македонски групи можат да гостуваат во Грција !

Можно ли е група од Македонија во скоро време да настапи во Солун или Атина?! Од „Имам Баилди“ велат, да:

„Да, секако можат да дојдат. Зошто да не. Ние имаме слична култура. Ако нас не‘ слушаат овде, тогаш и во Грција ќе се добредојдени групи од Македонија“, одлучно вели Лесандрос .

За крај тој  ни откри каде беа летово и што по него :

„Најголем број концерти имавме низ Грција. Настапивме летово и во Амстердам  и Германија. Во септември сме во Атина, а на зима ќе патуваме за Осло и Истамбул“.

 Таа августовска, волшебна вечер на Антички во Охрид ги спои вековите и народите. Секако, дел од измешната публика преку музиката ги сруши сите бариери, се почуствува како дел од големото светско музичко семејство во кое нема место за граници.

Автор: Милчо Јованоски

Редактор: Жана Ацеска