1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Мудис“ го зголеми кредитниот рејтинг на Германија

ЖА/дв/дпа/ртре1 март 2014

Германија не беше погодена од економската криза како останатите држави. Рејтинг агенцијата „Мудис“ тоа го награди со добра оценка-Германија повторно ја доби максималната „Ааа“ со стабилна наместо негативна перспектива.

https://p.dw.com/p/1BHuf
Фотографија: AP

Меѓународната рејтинг агенција „Мудис“ синоќа го потврди кредитниот рејтинг „Ааа“ на Германија, зголемувајќи ја перспективата од „негативна“ на „стабилна“ поради подобрувањето на ситуацијата во еврозоната.

Ризикот Германија да биде принудена да учествува во спасувачки план во еврозоната е намален, се наведува во соопштение на рејтинг агенцијата. Покрај тоа, Германија има напредок и во консолидирањето на државните финансии.

Освен на Германија, „Мудис“ го зголеми и кредитниот рејтинг на Австрија и на Луксембург, давајќи им оценка за „стабилна“ наместо „негативна“ перспектива, а и тие ја задржуваат најдобрата оценка „Ааа“.

Австрискиот министер зафинансии Михаел Шпинделегер реагираше задоволно, истакнувајќи дека земјата е на добар пат. Рејтинг агенциите претходно имаа задршки кон Австрија поради ризикот преку поранешната банка на Бајерн ЛБ, Хипо Алпе Адриа.