1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

МРТ повторно ќе ги емитува програмите на Дојче веле

6 јуни 2011

МРТ повторно ќе ги емитува емисиите на Дојче веле на македонски јазик и на албански јазик, откако привремено беше прекинато емитувањето поради изборниот процес во Македонија.

https://p.dw.com/p/11VLe

Почитувани корисници,

Од нашиот партнер Македонска радиотелевизија добивме известување дека од 07. јуни 2011 година повторно ќе ги презема емисиите на Дојче веле на македонски јазик во 08 часот и 30 минути, во 15 часот и во 16 часот и 30 минути како и утринската емисија на албански јазик во 08 часот и 30 минути. Пренесувањето на емисиите беше привремено прекинато на 22. мај 2011 година по желба на нашиот партнер за време на изборниот процес во Македонија.