1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мртви и повредени во експлозија во Ријад

БГ/миа/ап1 ноември 2012

Цистерна која превезувала гас се удрила во мост, а потоа експлодирала во главниот град на Саудиска Арабија. Една зграда е срамнета со земја во експлозијата

https://p.dw.com/p/16aoY
Фотографија: Reuters

Најмалку десет лица загинаа, а повеќе од 50 се повредени кога во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, експлодира цистерна што превезувала гориво.

Експлозијата се случила во источниот дел на Ријад. Сведоците наведуваат дека пламенот зафатил седум возила и оти околните згради се оштетни. Цистерната експлодирала откако се удрила во мост во источниот дел на градот, соопшти претставник на силите за безбедност.

Претходно беше соопштено дека експлозијата во Ријад се должи на сообраќајна несреќа, а не на терористички акт.

Индустриска зграда во престолнината на Саудиска Арабија, Ријад беше речиси целосно разурната во експлозијата. На телевизиските снимки на неколку арапски телевизиски канали можат да се видат јагленосани тела на жртвите на експлозијата, како и разурнати објекти во околината.