1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мркиќ: Спорот за името е чуден проблем

СН/ат/миа10 февруари 2014

Шефот на српската дипломатија Иван Мркиќ во интервју за грчкиот весник „Катимерини“ истакнува дека решевањето на спорот за името меѓу Македонија и Грција ќе донесе добро за сите.

https://p.dw.com/p/1B5y1
Фотографија: Nedim Grabovica/klix.ba

Спорот за името меѓу Грција и Македонија е чуден проблем, изјави српскиот министер за надворешни работи Иван Мркиќ.

Како што јавува дописникот на македонската новинска агенција МИА од Атина, во интервју за грчкиот весник „Катимерини“, Мркиќ вели дека тој навистина би сакал да се реши ова прашање и изразува надеж оти со помош на ЕУ ќе се најде решение.

„Ние не учествуваме и не сме вклучени во процесот и се чувствуваме пријателски со двете страни. Но, искрено, ние би сакале да се реши ова прашање. Постојат значајни трговски односи со оваа земја и илјадници нејзини граѓани ја посетуваат Грција, така што решавањето ќе биде добро за сите“, рече шефот на српската диломатија.

Мркиќ во Атина присуствуваше на конференција посветена на „Јадранската стратегија“, на која учествуваа високи претставници на осум земји од регионот, организирана од Европската комисија.