1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

МПЦ треба да иницира преговори со СПЦ за решавање на црковниот спор

Горан Петрески16 август 2006

Синодот на Македонската Православна Црква вели дека не е надлежен за разгледување на спогодбата за размена на земјиштето со грчкиот сопственик на цемантраницата во селото Говрлево и не гледа причина за тоа да се расправа на највиоко ниво.

https://p.dw.com/p/Adck
Фотографија: Staatliches kulturhistorisches Museum

Македонската Православна Црква треба да иницира преговори со Српската Црква за да се реши долгогодишниот спор меѓу двете цркви. Вакво мислење преовладува меѓу македонските владици кои на вчерашната седница на Синодот меѓу другото расправаа и за тоа прашање. Не постои друга форма и начин за решавање на проблемот изјави по седницата портпаролот на МПЦ, владиката Тимотеј „Јас лично се залагам за тоа, иако денеска беше само елаборирано но не и заклучен конкретен став.“

Став на Синотот е дека порашнешниот владика Јован и неговата Охридска Архиепископија, која властите во Македонија не ја признаваат нема да биде фактор во преговорите со Српската Православна Црква „Ставот на Македонската Православна Црква по тоа прашање и учество на така наречена ПОА (Православна Охридска Архиепископија) од секогаш бил јасен и гласен, дека ние со нив нема што да разговараме.“ изјави Тимотеј по синодската седница на која стана збор и за контроверзната продажба на црковниот имот во скопското село Говрлево - случај што ја разбранува македонската јавност. Жестоките реакции го спречија обидот на МПЦ, да му го продаде ридот со неколку манастри и археолошки локалитет на грчкиот газда на скопската цементарница Усје. На продажбата жестокот се спротивставија жителите на скопското село Говрлево. „Манастир не се продава. Манастир никој не може да замисли па да гради кај ќе му текне. Манастир се гради од легенда, му се десило нешто али сонило. “

Продажбата на црковниот рид во Говрлево е запрена, но никој нема да понесе одговорност за скандалот што го разниша угледот на врвот на МПЦ. Владиката Тимотеј кажа оти Синодот во иднина треба да биде внимателтен кога станува збор за важни одлуки што се однесуваат на имотот на Македонската Црква и можат да ги вознемират верниците.