1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

МПЦ е подготвена да му прости на Вранишковски, ако побара прошка

Горан Петрески3 март 2006

Ако Зоран Вранишковски побара прошка, МПЦ е подготвена да му прости. Синодот меѓутоа не сака да ја коментира одлуката на Врховниот суд за скратување на казната на Вранишковски.

https://p.dw.com/p/Adev

Македонската Православна Црква не ја кометира одлуката на Врховниот суд за скратување на затворската казна на екс владиката Јован. Подготврна е и да му прости, ако Вранишковски побара прошка. Портпаролот на МПЦ, владиката Тимотеј по редовната седница на синодот, кажа дека случајот Вранишковски не бил на дневен ред

„Ние не сме многу загрижени дали тој ќе биде во затвор, ние имаме наша програма која ја работиме, за него нема потреба да коментираме. Тоа не е предмет на наше интересирање. Ако е тоа Врховен суд, неговата одлука е извршна, безпредметно е да даваме какви било коментари. Ако побара прочка ние сме должни да проштеваме на секого. Но треба да има согледување тој, дека бара прочка од некого. А Господ во краен случај на сите ни проштува.“

Одлиуката на Врховниот суд, казната на Вранишковски да му ја скрати на осум месеци ја поздравија неговите следбеници, членовите на Охридската архиепископија. Отец Давид рече

„Затварањето на архиепископот Јован, од страна на македонските власти и судство беше крајно непопуларен потег во однос на верските слободи пред европските институции. Поради тоа ги поттикнуваме македонската власт и македонското судство во ослободувањето на архиепископот Јован, зошто сметаме дека тоа ќе придонесе да се подобри имиџиот на нашата земја пред споменатите институции. “

Хелсиншкиот комитет за човекови права кој сметаше дека казната за Јован е престрога и ја загрозува слободата на вероисповед, сега одлуката на Врховниот Суд ја оценува како политичка. Претседателката Мирјана Најчевска вели дека Врховниот суд прво одлучувал под притисок на власта и на МПЦ, а сега под притисок на Европската унија. Врховниот суд пак скратувањето на казната на Јован, ја објасни со неговото добро поведение и смртта на неговиот татко. Вранишковски е во затвор од минатото лето. Веќе навршуваат осум месеци, така што на слобода ќе излезе на 8 март. Пред неколку години се прогласи за српски егзарх во Македонија, и на неколку години беше причина за заладување на односите на релација Белград Скопје. Освен за предизвикување на верска омраза беше обвинет и за финансиски малверзации во велешката епархија со која раководеше. Судскиот процес за ова обвинување е во тек.