Мотивот за нападот во Аурора може да биде непознат со месеци
24 јули 201224-годишниот Џејмс Х. во судската сала во американската сојузна држава Колорадо остави впечаток дека е збунет и целосно отсутен. За време на краткото сослушување тој постојано ги затвораше до половина очите и не изговори ниту еден единсвтевен збор. Неговата коса беше портокалово бојадисана.
До почетокот на процесот се очекува да минат повеќе недели. Осомничениот и натаму се противи да соработува со властите. Додека да биде познат мотивот за сторерното дело, велат од полицијата, можат да поминат месеци. Обвинението против Џејмс Х. треба да биде подигнато идниот понеделник.
Џејмс Х. е осомничен дека за време на премиерата на новиот филм на Бетмен, изминатиот петок во киното во Аурора, стрелаше врз посетителите, кога беа убиени 12 луѓе, а речиси 60 беа повредени. Според американските медиуми, доколку студентот биде осуден му се заканува смртна казна.