Москва и натаму против заострени санкции против Иран
31 октомври 2007Реклама
Русија одново се спротистави на воведување дополнителни санкции против Иран поради неговата спорна атомска програма . Еднострани санкции нема да бидат од помош при заедничките напори за решение на спорот – порача рускиот министер за надворешни работи Серегј Лавров по сердбата во Техеран со иранскиот претседател Махмуд Ахмединеџат.
Лавров побара од Ахмединеџат поактивно да соработува со Меѓународната агенција за атомска енергија.