1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Монти: На Италија не и’ треба спасувачки чадор

АТ/ СН/дпа/ ројтерс13 јуни 2012

Италијанскиот премиер Марио Монти ги отфрла најавите дека неговата земја ќе биде наредната која ќе падне под европскиот спасувачки чадор. Монти укажува на мерките кои ги презема владата во Рим, но долговите се големи.

https://p.dw.com/p/15D4w
Фотографија: Reuters

Третата по големина европска економија, Италија, според зборовите на премиерот Марио Монти нема потреба од помош од европскиот спасувачки чадор, иако земјата има високи државни долгови, изјави Монити за германската станица АРД. „Ако зборуваме за задолжувања, Италија од друга страна има многу ниски приватни долгови - наспроти другите држави. Исто така претпријатијата и семејствата се малку задолжени“, смета Монти. Тој подвлече дека буџетската политика сега во секој случај е сменета.

Италија - одлучувачка за еврокризата

Државниот буџет за оваа годинна е со ниски нови задолжувања, со 2 проценти. Наредната година ќе има суфицит, уверен е италијаскиот премиер. „Разбирам дека Италија, поради минатото, може да се сфати како недисциплинирана земја“, признава Монти. „Но, во моментов Италија е подисциплинирана од многу други европски земји“, подвлекува премиерот.

Symbolbild Eurokrise Italien
Дали Италија е следен кандидат за финансиска помош?Фотографија: DW

Италија во моментов се смета за одлучувачка земја во должничката криза. Австриската министерка за финансии Марија Фектер во понеделникот не ја исклучи можноста за програма за помош за Рим. Монти ја критикуваше Фектер за ваквите изјави и потенцираше дека Италија има разбирање за неопходните промени и дека земјата се менува.

Во напорите за стабилизација на земјата, премиерот Монти денеска, пак, доби поддршка од германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле. За италијанскиот весник „Ла стампа“ Шојбле подвлече дека Италија би морала да ги спроведе реформите на Монти, за да не биде наредната земја, заразена од европската должничка криза. „Ако земјата го држи курсот на Монти, тогаш нема ризик“, смета Шојбле.