1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Молитва за Мандела

АТ/ ртре/ епд10 јуни 2013

Луѓето во Јужноафриканската Република се многу загрижени за нивниот народен херој. Нелсон Мандела веќе три денa е во болница. Здравствената состојба на 94-годишникот е критична.

https://p.dw.com/p/18nBU
Фотографија: Alexander Joe/AFP/Getty Images

По три дена минати на интензивна нега, здравствената состојба на носителот на Нобеловата награда за мир Нелсон Мандела и натаму е „непроменето сериозна“, се вели во владино соопштение. Шефот на државата Јакоб Зума ги повика луѓето повторно да се молат за Мандела.

Ова е четврти пат, по декември минатата година, Мандела да подлежи на медицински третман поради инфекција на белите дробови. Во саботата утрото неговата сопруга го однесе во една болница во Преторија. Мандела засега смеат да го посетуваат само најблиските роднини и пријатели.

Пред болницата се собрани национални и новинари од странство. Мандела имено во целиот свет се смета за икона на мирот. Особено Јужноафриканците го почитуваат нивниот „Мадиба“, како што е името не неговиот клан.

Südafrika Nelson Mandela Archivbild 18.07.2012
Нелсон МанделаФотографија: picture alliance/AP Photo

За време на апартхеjдот борецот за слобода Мандела 27 години мина во затвор. Во 1994 година Мандела стана првиот претсетател со темна боја на кожата на Јужноафриканската Република. Од туберкулозата, од која заболе додека ја одлежуваше затворската казна, никогаш не оздраве.