Можна нова стратегија за Ирак
13 јуни 2006По ликвидацијата на врвниот терорист Абу Мусаб ал Заркави, Американците гледаат нова шанса во Ирак за поставување основи во насока на позитивен развој. Има знаци што укажуваат и на поголемо редуцирање на американските трупи чиј број сега изнесува 130 илјади.
Претеседателот Буш се повлече во Кемп Дејвид со своите најблиски соработници, па затоа има малку информации за содржината на разговорите во кои преку видео-конференција учествува и ирачката влада.
За возбуда се погрижи советникот за безбедност во ирачката влада Мувафак ал Рубаи кои на маргините на конференцијата во Кемп Дејвид предвиде повлекување на околу 30 илјади американски војници уште во текот на оваа година:
„А, до крајот на наредната година најголемиот дел од мултинационалните сили ќе го напуштат Ирак. До средината на 2008 во ирачките грдаови и села скоро и да нема да гледаме странски војници„.
Сосема е очигледно дека се сака американската јавност да се подготви на фактот дека Ирак може самиот да се брани. Дури и командантот на силите во Ирак, генерал Џорџ Кејси во неделата не исклучи таква можност:
„Мислам дека ако ирачките сили продолжат вака да напредуваат и ако ирачката влада на националното единство функцинира, ќе можеме континуирано да ги намалуваме меѓународните сили во Ирак во наредните месеци и години„.
Во Белата куќа меѓутоа, се подвлекува дека пред да дојде до повлекување на силите, мора да се стабилизира ситуацијата во земјата. По ликвидацијата на Ал Заркави и формирањето влада на националното едиснтво, се гледа шанса, иако претседателот Буш вчера уште еднаш предупреди пред претерани очекувања:
„Тоа што Ал Заркави го најде правдата е исклучителна работа. Но, јас не сакам Америка да верува дека војната може да се одбие поради еден човек„.
Буш најави и потрага по новиот водач на „Ал Каеда„ во Ирак. Инаку, претходно на интеренет се појави соопштение според кое за наследник на Заркави е прогласен шеикот Абу Хамза ел Мухаџир.
На средбата во Кемп Дејвид пак, на која треба да се преиспита американската стратегија во Ирак, денеска попладне ќе се појават и надворешни експерти. Нивните препораки одат во насока на итно подобрување на безбедносната ситуација пред се во Багдад, како и форсирана обнова на ирачката инфраструктура.