Млад град на старото место
1 септември 2008Толпа војници кои пљачкосувале се тркалале низ мочуриштата и речните долини од брегот на Северното Море кон Бремен или назад, во зависност од тоа каква им била среќата во војната. Така уште во средновековието тие можеле да ги пљачкосуваат и по можност да ги опустошуваат селата Гестендорф и Вулсдорф, кои се наоѓале на денешната локација на Бремерхафен.
Она што за некои е рај, за другите е пекол. На тој начин животниот квалитет на луѓето таму останал во многу тесни граници, а нивните населби долго време останале во рамките на селото.
Старите Швеѓани во посета
Швеѓаните први ја препознале стратешки значајната положба на речното устие на Гесте во Везер, и подолу на Везер во Северното Море. Оној кој сакал да го присвои ова место, морал да биде навистина силен. Затоа по триесетгодишната војна, Скандинавците овде кренале широки ѕидови за заштита на устијата. Oдбранбената камена градба ја нарекле Карлсбург.
Сепак Швеѓаните не се задржале долго во нивната тврдина и така пропаднал нивниот бастион.
Последниот град пред Њујорк
Поради економската беда и политичкото гонење, во 19 век многу луѓе побегнале во Америка. Иселениците оделе кон бреговите на пристаништата за прекуокеански бродови. Во слободниот ханзеатски град Бремен, на местото каде порано престојувале Швеѓаните, во 1827 година било изградено пристаништето Бремерхафен.
Масовната преселба во Америка, на Бремерхафен му овозможила забрзан економски развој. За многу Германци Бремерхафен бил „последниот град пред Њујорк“.
Некогаш најголемото риболовно пристаниште во Европа
Покрај пловидбата на патнички бродови, бродоградбата и трговијата добивале се` поголемo меѓународно значење. Покрај тоа започнале и со риболов на отворено море. Во Бремерхафен се наоѓало најголемото риболовно пристаниште на европскиот континент. Половината од целокупниот германски улов се истоварал тука. Сепак германскиот риболов на отворено море се` повеќе пропаѓал.
Покрај тоа, авионите ги истиснале големите бродови од трансатлантскиот патнички сообраќај. Со тоа рапидно опаднала и бродоградбата. Целокупната економија на Бремерхафен била руинирана. Фијаското, кое понеутрално било наречено „структурен пресврт“, до денес не е завршено. Во Бремерхафен се` уште има голема невработеност, скоро 20 проценти.
Кој ќе го насочи стариот кајак во вистинската насока?
Можеби и поради тоа Бремерхафен има пред се` здодевна убавина. Секако, прагматичните градби од периодот на обнова во 50-те и 60-те години на 20-от век, не можат да и конкурираат на единствената географска положба директно на море. Градот примарно им придава значење на „внатрешните“ вредности. Научното истражување од морската област се` повеќе станува заштитен знак на градот на реката Унтервезер.
Услужните дејности, истражувањата и туризмот се последните адути што му пресотануваат на бедниот градски брод, разнишан од ветерот.
Некогаш тешкиот брод Бремерхафен морал значително да ослабне и за малку ќе заринкал на дното. Полека, градските дизел бродови пак почнаа да работат засилено, и „последниот град пред Њујорк“ одново направи вистински чекор напред. Стариот кајак шкрипи и се лула уште малку, но веќе се наѕира надежта.