1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Млади македонски био-изумители - најдобри во светот!

8 мај 2010

Во јануари минатата година, Министерството за животна средина донесе правилник за употребата на пластичните кеси, но тој акт практично никаде не се применува. Дали Македонија се претвора во голем отпад за пластика?

https://p.dw.com/p/NJGp
Стефан Кузмановски и Николче Колев го освоија светот со своите иновацииФотографија: DW

Но, во областа на животната средина од Македонија доаѓаат и многу поведри информации, како што е, на пример, онаа за исклучителниот успех на двајца 17 – годишници, ученици во приватниот колеџ „Јахја Кемал“ во Скопје, Стефан Кузмановски од Тетово и Николче Колев од селото Ерџелија, од Свети Николско, деновиве на олимпијадата на проекти од екологијата, одржана во градот Хјустон во сојузната американска држава Тексас, во конкуренција на 1.500 учесници од 76 држави од целиот свет го освоија првото место и добија златен медал за нивната био – иновација. Таа е означена дури и како и револуционерна.

Пластика која се разградува од 4 месеци до 1 година

Стефан Кузмановски вака ја објаснува идејата за наградената иновација:

„Нашата желба беше да направиме нешто со што би и помогнале на околината. Значи, нешто кое би ја заменило пластиката, што ја користиме веќе 50 години. Таа ја загадува животната средина и време е да погледнеме кон иднината, да најдеме решение. Тоа е биолошката пластика, која се произведува од природни материјали односно од растенија. Таа се произведува од памук и коноп, кои растат и може да се одгледуваат, за разлика од традиционалната пластика, произведена од петролеум, кој е е необновлив.“

Müll
Пластичниот отпад е проблем за целиот светФотографија: Bilderbox

Николче Колев дополнува: „Нашата цел со производството на оваа биопластика е да се намали бројот на депонии на пластика во Република Македонија. Нашата биопластика се разградува само за четири месеци. Тоа ја прави како одличен избор за производство на ќесиња.“

Менторката на овие млади еколошки истражувачи во науката Емел Шериф, професорка по хемија во колеџот „Јахја Кемал во Скопје, истакнува:

„Зборувавме со учениците уште во септември минатата година: тие кажаа дека имаат идеја памукот со помош на некои киселини да се претвори во био-пластика. Додадовме и влакна од човечка коса и од други материјали за да се подобрат физичките својства на биопластиката. Веќе има луѓе кои се заинтересирани за нејзина индустриска примена.“

„Треба да се движиме кон еден нов свет“

Стефан Кузмановски го изнесува и своето размислување за живеењето усогласено со природата, а не во спротивност со неа:

„Поради глобалното затоплување, поради нашето постојано загадување на околината, мора да изнајдеме нови технологии, нови начини на живеење во хармонија со природата: не само да земаме од неа, туку и да и враќаме. Да земаме колку е можно помалку, а да произведуваме колку е можно повеќе. Тоа е размислување, кое треба да го прифатиме за да се движиме кон еден нов свет.“

Zwei Gymnasiasten aus Mazedonien
Фотографија: DW

Таткото на Стефан, Сашо Кузмановски вели дека иако барале не добиле никаква финансиска подршка за меѓународните настапи на Стефан и Николче:

„Побаравме минатата година од министерството за образование директна финансиска помош, бидејќи се потребни пари. Се беше подготвено, но не добивме никаков одговор. Годинава не комунициравме воопшто со ова министерство.“

Сите трошоци, мерени со илјадници евра, ги сносеа нивните родители од својот џеб. Со овој проект двајцата еко – истражувачи ќе се претстават и на натпревар во Холандија. Претстои патентирање на био – пластиката. Двајцата млади научници, по олимпијадата во Тексас, веднаш добија и стипендии за бесплатно студирање на престижен универзитет во оваа американска држава в година.

Автор: Свето Тоевски

Редактор: Борис Георгиевски