1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Младите кадри остануваат неоткриени

22 мај 2011

Македонскиот бизнис-сектор покажува се` помал интерес за идните виоскообучени кадри. На прстите од една рака можат да се избројат компаниите, заинтресирани да вработат млади кадри.

https://p.dw.com/p/11LDd
Фотографија: Petr Stojanovski

Од околу 400 компании, кои минатиот месец беа поканети да ги изложат своите бизнис-можности пред студентите за пракса, обука, стекнување работни навики и вработување, одгворија само десетина. Станува збор за банкарски, телекомуникациски, осигурителни и ревизорски компании. Тие изразија подготвеност да им дадат простор на младите за вработување и обуки, преку директни презентации, интервјуа и тестирања, заобиколувајќи ги вообичаените роднински и партиски врски, што се неизбежен детал при вработувањата на младите во Македонија. Премалку за македонскиот бизнис сектор, што претендира да ги следи светските текови на корпорациско управување.

Студентот Глигор Новаков, кој е проект-менаџер на манифестацијата „Денови на кариерата“, за Дојче веле истакна дека и покрај малиот број заинтресирани компании, тие нема да се откажат од заложбата да го анимираат бизнис-секторот да им се даде вистинска шанса на младите за работа и напредување.

Bewerbungsgespräch
Однесувањето на интервјуто за работа е важен предусловФотографија: picture-alliance / beyond/Annie Engel

„По економската криза интересот е драстично намален. Тоа се должи на кастрењето на трошоците на компаниите во сите сектори, па и во секторот за човечки ресури,“ објаснува Новаков.

Според него, поента на манифестациите од ваков формат е доближување на компаниите до студентите, со цел да им се овозможат пракси и вработување, а на компаниите квалитетен кадар. Тој напоменува дека има повеќе примери компаниите да вработиле кадри токму преку вакви манифестации, а тие потоа да направиле одлична карииера. За ваквата селекција на кадри се задолжени секторите за човечки ресурси, кои вообичаено прават интервјуа, анкети и промоции пред заинтерсираните кандидати за пракса или вработување. Интересот на студентите секогаш е огромен.

На младите им недостасува корпоративна култура

„Ние навистина гледаме вредност во ова. Она што нас не` интерсира е да ги подготвиме младите луѓе за вистинскиот свет. Тие излегуваат од клупи и се среќаваат со корпоративна култура, што е на многу повисоко ниво, од она што тие го имаат како очекување. Можеби тука е пречката што не можат да најдат работа од прва или втора шанса. Нам ни беше примарна цел да ги едуцираме што да очекуваат од интернационалните компании и да знаат што да прават кога ќе дојдат на интревју, во секој случај ќе им биде многу подобро отколку кога доаѓаат од клупа,“ вели Ненад Димитријевиќ, менаџер за човечки ресурси во мобилниот оператор ВИП.

Тој истакнува дека е пријатно изненаден од квалитетот на младите луѓе, кои покажуваат интерес да добијат едно од четирите работни места што ги нуди неговата компанија. Уште повеќе, задоволен е што младите добиваат шанса да видат како е и како да се однесуваат кога доаѓаат на интервју во интернационална компанија.

„Тајна потрага“ по врвните кадри

Symbolbild Teamwork / Teamarbeit
Способноста за тимска работа е насекаде баранаФотографија: picture alliance/chromorange

И Димитар Иванов од секторот за човечки ресурси на ИК Банка вели дека е задоволен од претставувањето и интересот на младите за нивните пракси.

„Нашата банка е ориентирана кон млад и амбициозен кадар, кој е добро оспособен, стручен и едуциран, кој може да се носи со секојдневните предизвици во работното опкружување. Сакавме преку овој проект на младите да им овозможиме да се стекнат со работно искуство, работна навика и одговорност при вршењето на работните задачи. Друга наша скриена цел е што сакаме да ги идентификуваме нашите идни кадри. И тоа што поскоро, толку подобро. Имаме интервјуа со кандидати каде ќе утврдиме во кого има потенцијал и да му понудиме пракса кај нас“, објаснува Иванов.

Според него, слабиот интерес на компаниите се должи на фактот дека сите тие, или поголемиот дел од нив, за вработување бараат „готов производ“, односно бараат работник кој има најмалку две или три години работно искуатво. Никој не оди преку студентските организации и практичната работа за да ги идентификува своите идни кадри, кои потоа би биле и мотивирани и лојални кон компанијата, која тоа би им го овозможила.

Автор: Сашко Димевски

Редактор: Трајче Тосев